КОМАРНИЦИ

Како дополна на програмата на надворешна столарија нудиме комарници кои се поставуваат во вид на мрежа на прозорците и вратите во вашата куќа. На тој начин се овозможува непрекинат влез и циркулација на воздухот и спречување на влез на инсекти. Можат да се монтираат на сите видови ПВЦ и Алуминиумски столарии. После поставувањето на комарниците прозорците или вратите може непрекинато да се отвараат или затвараат.Рамката на комарникот се изработува од алуминиум,а мрежата од стаклени влакна, односно фиберглас. Фибергласот има голема опторност на надворешни влијанија, со што се зголемува векот на траење. Овие комарници обезбедуваат стопостотна ефикасност во спречување на влез на инсекти, овозможува одлична видливост, не се смалува количеството на светлина во просториите.

 

Роло комарник

Комарникот се намотува како ролетна во кутијата, од каде е и називот Ролокомарник. Изработен е од високо квалитетен Алуминиум, со тоа има и долг век на траење.Го има во повеќе бои според RAL карта.Едноставно управување, клик систем, комарникот се потегнува надолу со помош на нарачките поставени на завршната ламела и во долна крајна позиција сам се закачува, доколку сакаме да се собере ја притискаме завршната ламела и комарникот се откачува и лесно се подигнува.

 

Фиксен комарник

Изработен е од алуминиумски профили со димензии споени со пвц спојки кои формираат рамка на која се става мрежа од фиберглас и истата се затега со соодветна гума. Се вградува директно на прозорската рамка. По потреба лесно се демонтира и монтира.

 

Врата комарник-отклопен комарник

Изработен од алуминиумска каса и крило на кое е прицврстена мрежа од фиберглас со помош на соодветна гума. Крилото е прикачено на шарки при што во едната шарка има вграден федер кој служи за самозатварање на комарникот, и истотака има и магнет кој го држи крилото во затворена положба. Истиот го има во повеќе бои.

 

Плисе комарник

Комарник од неговата генерација за излегување на тераса без никакви препреки Во летните месеци , кога вратите и балконите често се оставаат отворени, често во внатрешноста на нашите простории влегуваат инсекти.Одлично решение за одбрана од тие несакани гости се комарниците и тоа без затварање на вратите. За излезите на терасите и балконите ги препорачуваме плисе комарниците кои влегуваат во класиката на клизни комарници. Главната карактеристика е висококвалитетниот АЛУ профил кој му дава стабилност и издржливост, а со тоа и одлична функционалност и доживотен век .Мрежата на комарникот е отпорна на временските прилики . Нејзиното одржување е едноставно и може да се пере со вода.Во затворена положба мрежата е скриена во кутијата на комарникот. При отварање и затварање може да се остави во било која позиција.