ПЛАСТИЧНИ (ПВЦ) РОЛЕТНИ

ПВЦ ролетните обезбедуваат максимална заштита од непосакувани погледи од сонце како и дополнителна топлотна и звучна изолација.Освен практичната, тие имаат и декоративна функција. Ламелите и кутиите можат да бидат во различни бои и димензии, што овозможуваа успешно да се вклопат со било која фасада. Според начинот на изведба постојат два основни типа на изведба на PVC ролетни: предпрозорски и надпрозорски.

Пвц ролетните се најчесто употребувани најчесто барани ролетни.Ролетната и нејзините делови се комплетно од Пвц. Овој тип на ролетни нуди најдобра светлосна и термичка изолација во однос на цената. Исто така, ролетните со новиот тип на широка шина овозможуваат комплетно затворање на прозорот со што се овозможува да се исполни целиот простор меѓу шината и фасадата. Од аспект на понудата на бои, најзастапени и најбарани се белата и сивата боја бидејќи се најтрајни. Има и кафеава и жолта боја, но наша препорака е избегнување на потемни бои.посебно кафеавата, бидејќи привлекуваат повеќе сончева енергија и со текот на времето доаѓа до деформација и откачување на лајсните на ролетната. Пвц ролетните се нудат во две варијанти: со обичен механизам за кревање и спуштање и со автомат.

Втората варијанта е подобра, бидејќи имаат автоматска кочница вградена во автоматот и каишот се собира внатре во куќиштето од автоматот со што се добива подобра естетика.практичност, фукционалност и долготрајност на ролетната, за разлика од обичниот механизам кој ја нема оваа можност. Автоматот се монтира од внатрешна страна. Одржувањето им е прилично едноставно.